ВИДЕО- Христоски: Здравјето на моите сограѓани нема цена, ако имало пропусти при работата ќе има одговорност

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Сакам да ве информирам дека по добиените наоди на 29.07.2025 година од Центарот за јавно здравје – Прилеп и известувањето на ЈП Комуна Крушево на ден 30.07.2025 година(во текот на вчерашниот ден) дека водата од градскиот водовод моментално е бактериолошки неисправна за пиење. Во соработка со сите надлежни институции, меѓу кои Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за здравство и ЈП „Комуна“, преземаме итни мерки за целосна санација на состојбата, истакна во денешното соопштение, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

„Ви препорачуваме во овој период се додека не дојдат повторните официјални анализи во рок од 48часа од Центар за Јавно Здравје Да користите пакувана вода за пиење, а водата од чешма да ја превривате минимум 10 минути пред употреба за лична хигиена и миење на овошје и зеленчук. Состојбата е под постојан надзор и ќе ве информираме навремено за секоја промена, во наредните 48 часа…

За утврдени евентуални недоследности и евентуалното неодговорно работење кај вработени и нивни надредени нема да размислам два пати за да побарам одговорност доколку се утврдат и констатираат пропусти, како и намерни или ненамерни грешки .

ЗДРАВЈЕТО НА МОИТЕ СОГРАЃАНИ НЕМА ЦЕНА!!!

Од она што до сега успеав да го утврдам е дека ЈП Комуна Крушево добила информацијата вчера (30.07.2025 година), по што веднаш објавиле информација до граѓаните. Забраната за употреба ќе остане на сила сè до добивање три последователни исправни резултати од лабораториските испитувања. Денеска е земено нов примерок за испитување и во наредните 48 часа ќе ги имаме првичните резултати.

Ви благодарам за разбирањето и одговорното однесување. Заедно ќе се погрижиме за вашето здравје и безбедност. Се надевам и не сакам да верувам дека политиката во очи празникот ,,Илинден” баш сега не зазема сериозно место во Крушево, тенденциозно преку ширење паника и манипулирање со крушевчани!?“, вели Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми