ВИДЕО- Христоски: 8 години работевме рамномерно за секое населено место, суштински решавајќи ги децениските проблеми

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Точно тука од Јакреново сакаме да искажеме пред се благодарност на нашите сограѓани, затоа што се чувствува промената токму тука од Јакреново. Изминатиов период од 8 години вистински и суштински се спуштивме со месното население, рамномерно во секое населено место градевме и решававме суштински и горливи проблеми на сите наши сограѓани, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Крушево, Томе Христоски.

„Населените места, или селата рамномерно се градеа секаде низ општината, знаеме дека е расфрлана некако општината и направивме многу. Но ни претстои уште доста работа и доста посветеност да доработиме она што сме започнале, или она што треба да направиме. Значи најмалку во секое населено место најавувам уште по еден капитален проект, горлив проблем на нашите сограѓани, дали тоа е водоснабдување, реконструкција на училишта, водоводи, канализации, пристапни патишта, сето тоа ќе биде со нас.

Ние не се служиме со празни муабети, туку со конкретни проекти и конкретни дела, токму тука од терен. Затоа ја испраќам од тука пораката, од село Јакреново дека ние сме таа коалиција која гради и променува. Навистина Крушево се гради и променува секој ден и така заслужуваат нашите крушевчани, така заслужува нашата држава Република Македонија“, изјави Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми