ВИДЕО – Центарот во Прилеп не бил известен за бегството од болницата во Демир Хисар – дали можел да се спречи немилиот настан?

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Доколку од Психијатриската болница во Демир Хисар не известија дека имаат побегнат пациент кој што таму е сместен и е директно поврзан со дело и закани кон наш вработен ние ќе го зголемевме нивото на безбедност во установата и можеби ќе се спречеше немилиот настан. Со овој став денеска излезе директорот на Центарот за социјaлна работа од Прилеп, каде што вчера 50 годишниот А.Ј. од Прилеп пукаше со пиштол во една социјална работничка и тешко ја повреди. Останува засега нејасно дали целиот случај е последица на пропуст во комуникацијата помеѓу институциите.


„Јас не добив никакво известување дека е избеган за да ние го подигнеме нивото на подготвеност и очекуваните можни сценарија, бидејќи знаевме и колешката во континуитет пријавуваше дека тој и приватно, после работно време и се закануваше, за тоа си има податоци во МВР. За жал ние не бевме известени и кога јас лично го видов се изненадив затоа што мислев дека тој е се уште во Демир Хисар во болницата. Се обидов вчера да го контактирам директорот на Психијатриската болница во Демир Хисар, но не ми се јави човекот, не знам ниту дали е тој бројот на кој му звонев“, вели Зоран Малкоски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

И нашата екипа и вчера и денеска побара став од директорот на Психијатриската болница во Демир Хисар, но не можевме да го добиеме на телефон. Исто за ваквата ситуација досега нема ниту став од полицијата. Инаку вчера во Центарот се одвивала вистинска драма, а случајот можел да заврши уште потрагично затоа што сите вработени мислеле дека А.Ј. носи само пиштол плашливец со ќорци. Се започнало од просторијата пред канцеларијата на директорот каде сега осомничениот испукал неколку куршуми, а драмата продолжила со пукање и во канцеларијата на директорот.

„Се боревме на некој начин со сторителот, тој цело време имаше пиштол во раката, но јас сметав дека не е вистински пиштол. Успеав да го донесам во мојата канцеларија да го неутрализирам, за да го донесам до ѕидот позади мене. Тој за жал испука и тука куршуми, јас бидејќи бев свртен со грбот кон вратата не видов дека колешката која е повредена во тој момент поминала од тука и не знам како е таа повредена и во кој момент е повредена“, додаде Малковски.

Повредената социјална работничка е надвор од животна опасност и се наоѓа во прилепската болница. Денеска во 12.30 часот во повеќе градови е закажан мирен протест на социјалните работници кои ќе бараат зголемување на нивото на нивната безбеност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми