ВИДЕО- Чонески: На Крушево му треба развој на инфраструктура, култура, економија, но потребни се промени

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Добар ден од прекрасното Крушево, Крушево кое за жал колку што е прекрасно толку има и проблеми, проблеми кои значат отежнување на секојдневниот живот на граѓаните на општина Крушево, но за жал и закана по нивното здравје, истакна кандидатот за градоначалник на Крушево, Нико Чонески.

„Затоа ни е потребно итно решавање на тие проблеми, но исто така ни е потребно паралелно со тоа и развој во општина Крушево, развој на секој сегмент, почнувајќи од инфраструктура до култура, но најважно од се во Крушево ни е потребен развој на економијата. За сето тоа да се случи, во Крушево е потребно да се направат промени.

За време на минатите избори прво ситуацијата во државата беше различна, имавме тогаш друга влада на централно ниво, влада која апсолутно не работеше во интерес на граѓаните на Република Македонија. Сега работата е тотално променета, имаме нова влада која за краток период покажа како треба и дека може, а не како досега. И затоа мислам дека крушевчани ќе го препознаат моментот и ќе се приклучат на мнозинството општини и нема да дозволат нивната општина да стагнира, а другите да прогресираат“, рече Чонески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми