
Денес е денот на вистинската демократија, денес за прв пат гласот на граѓанинот се слуша надвор од партиските кругови. Се осмеливме и излеговме да го кажеме нашето граѓанско незадоволство за досегашното 35 годишно владеење на овие политички системи, кои покажаа дека основна цел се нивните интереси. За разлика од сето тоа граѓанинот е маргинализиран, граѓанинот е злоупотребен и сведоци сме на едно тотално тонење на Прилеп, истакна Борче Чупетрески, независен кандидат за градоначалник.
„Како независен кандидат, човек од бизнис секторот, човек од граѓанскиот сектор, излегувам заедно со мојата советничка група независни да го кажеме својот револт и да се ангажираме максимално да го вратиме Прилеп на пиедесталот каде што и припаѓаше. Заедно, сите со свои сили, со своите знаења и умеења да го постигнеме она што треба да биде 21 век, век на дигитализација, век на информатика, век на прогрес, век на развојот. Сето ова ако го поглендеме денес го нема, денес сеуште живееме во 21 век.
Со здружени сили, знаење и капацитети овој совет и јас со нив како градоначалник ветуваме дека најпрво ќе ја отвориме Општината за граѓаните, да ги слушниме нивните проблеми и да застаниме најпрво за решавање на нивните потреби. Да се фатиме ко коштец со екологијата, проблемите кои ги гледаме на секој чекор, секаде расфрлано ѓубре, хигиената е на минимално ниво, кучињата скитници насекаде околу нас, безбедноста е намалена во секој поглед. Ова ќе бидат првите предизвици со кои ќе се соочиме и со кои во првите 100 дена ќе влезиме во коштец за нивно решавање.
Понатаму тука се и големите капитални проекти кои ги ветуваме, а веќе се обезбедени инвеститори за истите, тоа се изградбата на поголем број на паркинг простори и плацеви, посебно со затворање на речното корито и негово поплочување со поставување на соларна централа над површината на автомобилите, со која соларна централа истовремено ќе се акумулира електрична енергија и истата ќе се користи за осветлување на Прилеп. На таков начин ќе ги намалиме и сметките на граѓаните кои ги плаќаат паушално на Прилеп. Ова се проекти кои директно ќе добрат до џебот на граѓаните.
Званични и доста големи проекти се и агро берзата, таа е институција која ќе биде формирана како јавно-приватно партнерство заедно со Општината и бизнис секторот и ќе им овозможи на земјоделците да имаат организирано производство, што значи дека нема на крајот од реколтата да се грижат каде ќе ги продадат своите производи и по која цена, туку напротив, претхнодно организирани договори, претходно организирани цени ќе бидат гарантирани од страна на Општината, откупувачите и на крајот земјоделецот ќе има резултат на самото производство.
Отворање на асфалтна база, со нејзина помош брзо и ефикасно ќе се решаваат инфраструктурните проблеми во Прилеп, асфалтирањето кое треба да биде основна работа на една локална самоуправа , а не проект со кој ќе се фалиме дека сме успеале нешто да асфалтираме. Причина за сето тоа е дека немаме асфалтна база и не можеме брзо да интервенираме на самиот терен. Ќе се работи на проекти за купување на машини за рециклажа на асфалтот, со кои ќе може брзо и ефикасно да се интервенира на терен.
Покрај овие проекти, имаме и доста проекти за екологијата, како засадување на 20.000 садници во текот на мојот мандат доколку го добијам. Тоа значи по 5.000 садници годишно и за ова се обезбедени средства и донации од институции кои се заинтересирани да помогнат, посебно во животната средина.
Голем дел од програмата ќе биде насочена и за младите. Кога зборуваме за младите тоа значи онаа генерација од 22 до 32, до 40 години. Нивните потреби не се само градинките и образованието, нивните потреби се бизнисот, развојот и социјалниот живот во градот. Сето ова е маргинализирано целозно и од тој аспект проектираме еден фонд за млади кој ќе им помогне во отворањето на грин филд проектите. Овие грин филд проекти ќе бидат поддржани од страна на општината, каде во заедничка стратегија на развој ќе им помагаме на младите да ги започнат своите бизнис и да останат и да се задржат во Прилеп.
Најголемо внимание ќе опфатиме и на развојот на спортот, тоа реконструкција на спортските сали кои ги имаме 3 во градот, нема потреба да градиме нови, доволно е да ги санираме и да ги рехабилитираме постоечките, а со тоа да овозможиме развој на спортот во Прилеп. Прилеп отсекогаш бил расадник на млади и квалитетни спортисти и тоа мора повторно да го вратиме назад.
Заборавив на поменам и рехабилитација и реконструкција на населбата Тризла, тоа е една од болните точки во нашиот град со која мора да се фатиме во коштец, затоа што и тие луѓе кои живеат таму се дел од нашиот град, од нашиот менталитет, нашата култура. И тие се претставници на Прилеп и затоа мораме со заеднички сили да ги решиме сите проблеми кои нѐ окупираат и зафаќаат нас.