ВИДЕО- Шведската НВО „Ханд тил ханд“ донираше 4 стоматолошки столови за училиштата и градинките во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Шведската невладина организација „Ханд тил ханд“ донираше 4 стоматолошки столови за вредност од 40.000 евра за основните училишта и градинките во Прилеп. Оваа невладина организација има донирано досега 700.000 евра во разни институции во Прилеп. Огромна помош при транспортот на сите донации досега понудила шпедиција ВАП 97.

„Ние со оваа донација сакаме да помогнеме во здравството, во начинот на грижа за младата популација. Ова не ни е нас прва донација за Прилеп, ние имаме досега донирано и во Домот за стари лица, во Општата болница, имаме досега донирано околу 700.000 евра за Општина Прилеп, имаме помогнато и индовидуално на повеќе социјално загрозени семејства“, рече Марија Росенгрен од НВО „Ханд тил ханд“ од Шведска.

 

„Заедно со г-ѓа Марија Росенгрен помагам околу сите процедури за олеснување при царината и исто така за досегашните донации бев еден од главните инцијатори истите да бидат токму во Прилеп“, кажа Павле Јанески, шпедиција ВАП 97.

Првиот од 4 стоматолошки столови веќе се монтираше во детската градинка во Тризла која го опфаќа и основното училиште „Добре Јованоски“, а по еден ваков нов стол ќе добијат и училиштата, „Кочо Рацин“, „Климент Охрдиски“, а за уште едниот се уште се размислувало каде ќе се постави. Стоматолошките столови во училиштата досега беа во катастрофална состојба.

„Останатите три столици ќе бидат монтирани наското во другите училишта, во сите основни училишта има стоматолошки столови но тие не беа сменети од времето на поранешна Југославија. Тие беа истрошени и затоа се решивме на ваков чекор за да се обновата тие столови, за оралното здравје на најмладите биде во најдобар ред“, изјави Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.

 

„Ќе значат овие столови подобрување на оралното здрвје на младите, за работата училиштата. Имавме машини кои беа многу стари, кои не го задоволуваа потребите за работа, сега со оваа донација работата многу ни се подобрува, се со цел да се подобри оралното здравје на децата“, вели Јулијана Стевананџија, стоматолог.

Поради оваа хуманирна дејност Марија Росенгрен годинава беше наградена и со највисоката награда на Општина Прилеп наградата „3 Ноевмри“.

„Да и се заблагодарам на г-ѓа Марија што внимава на Прилеп и што се одлучила со нејзината НВО „Ханд тил ханд“ да помага тука кај нас, а за сметка на тоа Општината одлучи годинава да и додели Диплома „3 Ноевмри“ за помошта која ја дава. Ги охрабрувам сите граѓани тука и во странство кои можат даи помогнат на локалната заедница, буџетот на општината е ограничен и правиме максимално колку што можиме, но добро е и вака кога надворешно добиваме помош, и тоа доста важна затоа што станува збор за оралното здравје на најмладите“, додаде Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 Наградите „3 Ноември“ ќе бидат доделени вечерва на свечена седница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми