ВИДЕО – Јакимоска: За славата Св. Никола повторно ја враќаме литијата, настап ќе има црковниот хор и Калиопи


Оваа година „Комфи Ангел“  е домаќин на нашата градска слава „Свети Никола“ и менаџментот на „Комфи Ангел“ одлучи повторно да го направиме онака како што градот заслужува и за сите прилепчани. Имено, традиционално секој празник за „Свети Никола“ нашите вработени се ослободени од своите работни обврски и имаат задача да бидат дел од градската слава, така ќе биде и оваа година, истакна на денешната прес конферецнија Ирена Јакимоска, сопственик на „Комфи Ангел“.

„Организирани сме со неколку балони каде ќе бидат поставени маси и столици за да може цела популација достоинствено да си седне, да проба од славската храна. Целта на една слава е да се сподели енергијата помеѓу што повеќе луѓе, да се сподели убавината за енергијата да се вклопи и да се врати позитивната енергија на нашиот град.

Она што е ново, после литургијата утрото во црквата ќе правиме литија, на мое огромно задоволство намесникот тоа го прифати и за време на литургијата тука пред самиот споменик „Свети Никола“ тука ќе настапува хорот на нашата црква. Ќе имаме и естрадни ѕвезди, Калиопи ќе биде онаа која ќе ја сподели нашата позитивна енергија за градот со нас, настапот ќе биде на камената бина, така да ја користам оваа прилика да ги повикам сите прилепчани максимално да бидеме присутни на тој ден, во 12 часот на местото каде се проповеда литургијата и заедно да си ја споделиме убавата мисла и енергија, за едно подобро утре, за еден подобар Прилеп кој ние го заслужуваме.

Организацијата ќе си биде на намесникот, ќе бидат организирани мали ангелчиња за достоинствено да се покажи и слушни дека ние, прилепчани го славиме „Свети Никола“.

Нема да може традиционално да се виткаат сармите со здруженијата како досега, бидејќи не ги исполнуваме ХАСАП системите, сепак знаете се работи за храна и не дај Боже да се случи нешто одговорноста би била целосно наша. Компанијата со која потпишавме договор да направи кетеринг на целиот настан, тие ќе си ги свиткаат и сармичките, сѐ ќе биде донесено на лице место“, истакна Јакимоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи