ВИДЕО – Јанески: Власта ниту правда, ниту мир донесе, го дуплираше криминалот и корупцијата, а истовремено распродаваше се што е македонско

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

11 години имаше режим, цветаа криминалот и корупцијата и се смени политичката елита на власта. Под мотото „Нема правда, нема мир“ и „Живот за сите“ нова политичка гарнитура дојде на власт и што прво направи? Коалицираше со ДУИ, ја дуизираше Македонија во целост, ниту правда ниту мир донесе, го дуплира криминалот и корупцијата, а истовремено распродаваше се што е македонско, ја наведнуваше главата и ватре и надвор на барањето на сите соседи, ова го изјави вечерва во Прилеп Емил Јанески, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во овој град и кандидат за пратеник.

„Ете затоа постои Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, затоа ние сме формирани. Промените мора да започнат и промените мора да започнат од Прилеп, гордиот, храбриот, револуционерниот Прилеп, Градот Херој, градот на војводите, Мирче Ацев, Шакир војвода, Ѓрче Петров, градот на писменоста, Блаже Конески, Марко Цепенков, Круме Кепески, градот на 15-те Народни херои и 100-тици нивни соборци партизани кои го дадоа животот за слободата која ние денес ја живееме во борбата против бугарсиот фашистички окупатор и неговите соработници. И да се обидам да го парафразирам Максим Димитриевски којј вели дека Прилеп пукна, Куманово се крена, а цела Македонија се разбуди со слободата дојде. Е тоа се случи на 11 октомври 1941 година, ама во октовмри 2021 година Куманово пукна и Максим Димитриевски со неговиот млад тим победи на локалните избори во Куманово. Победувајќи ги сите политички опции во Македонија кои во тоа време опстојуваа. Куманово тогаш не избра само градонбачалник туку изнидри и иден творец на граѓанскиот концепт на политичко уредување, претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, бранителот на македонската гордост и достоинство, заштитникот на македонскиот јазик, идентиет, историја. Куманово го избра човекот кој што е предодрењден да го разбие црно сивиот политички свет во кој денес живееме“, рече Јанески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци