Пред сѐ сакам да го изразам моето сочувство до семејствата на загинатите на овој немил настан што се случи деновиве, кој навистина како во филм длабоко ја потресе нашата држава. Воедно сакам и да сите учесници и оние кои го извршија овој грозоморен чин пред лицето на правдата што поскоро да излезат и да ја заслужат највисоката казна, истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, пред почетокот на денешната прес конференција која беше наменета за градската слава на Прилеп, Свети Никола и светиниколскиот турнир во мал фудбал.
„Во она што го планира градот Прилеп во престојните денови, 2 убави настани, едниот е градската слава „Свети Никола“ и другиот е турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2023“, кои навистина прекрасно се организирани и ќе го одбележат овој месец. Во рамките на она што го планира Општина Прилеп е пред сѐ турнирот во мал фудбал каде покровител е локалната самоуправа на општина Прилеп, со генералниот спонзор Комфи Ангел, кој воедно е и домаќин на градската слава „Свети Никола“. Заедно во соработка на добрата организација на Александар Крстески овој турнир ќе биде помогнат и од општествено одговорните компании, а воедно и од Регионалната стопанска комора Прилеп. Овој турнир ќе биде збогатен и од хуманитарен настан, за што се надевам дека ќе бидат обезбедени поголем број на средства, кои ќе бидат наменети онаму каде навистина им е потребно на нашите сограѓани.
Воедно ги поканувам и сите наши сограѓани да излезат на денот на нашиот патрон, тоа го организираме пред камената бина, ги поканувам и во име на Општината и во име на домаќинот.
Со тоа покажуваме дека ние навистина водиме сметка не само за традиционалните културни настани кои го одбележуваат градот, туку и за спортот кој навистина е еден од начините да ги промовираме младите генерации. Се заблагодарувам во помошта на собирање на идеи и начин како да ги одбележиме овие 2 настани, оставам и госпоѓа Ирена да даде свое излагање како ќе биде бидат организирани“, истакна Јовчески.