Сакам да напоменам дека максимално сме вложени како Локална самоуправа и работиме веќе на нови проекти и се она што би се реализирало во наредната година, дел од нашиот општински буџет, а дел очекуваме повторно преку иста ваква помош и јавен повик до Владата и министерството за локална самоуправа, изјави денес градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Како поголеми проекти можам да ги издвојам:
– Уште два нови кружни текови во градот, еден кај Димо Наредникот и еден во центарот тука кај Градска
– Обиколница кај Оревоец
– Мостовско решение на новоизградената улица Победа
– Целосна реконструкција на спортската сала Партизан
– Влезот на градот од кај Македонски Брод
– Нова градинка во населбата Рид
– Полуподземни контејнери на неколку локации низ градот
– Игралиште во населбата кај Типските и во центарот на градот зад Участакот
– Реконструкција на улица 11 Октомври со дополнителна урбана опрема и нова велосипедска патека
– Поставување на лежечки полицајци низ целиот град секаде каде што спред сообрајќаен режим тоа е предвидено
– Нов водовод во населено место Лениште
– Нов водовод во индустриска зона Селце
– Нов водовод до манастирот Свети Димитрија Селце
– Надоградба на Скада системот
– Поставување на фотоволтаици на Пречистителната станица
– Реконструкција на постоечка водоводна мрежа улица Кузман Јосифоски.
Продолжуваме да работиме посветено, онака како што ветивме за Прилеп и прилепчани, создаваме нова и подобра иднина!“, истакна Јовчески.