ВИДЕО – Љутков: И театарот и салата во Цепенков ќе бидат ставени во функција до почетокот на фестивалот „Војдан Чернодрински“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Затворањето на објектот на театарот во Прилеп и големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ се логични потези затоа што културните институции во изминатиов период беа оставени на забот на времето, без во нив да се инвестира ниту шајка. Ова денека го изјави министерот за култура Зоран Љутков, кој посети Центарот за култура во Прилеп и кој вети дека до почетокот на започнувањето на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ и двете установи ќе бидат ставени во функција, а потоа етапно ќе се решаваат сите проблеми кои ги имаат.

„Направивме една динамика до понеделник ќе ги имаме конкретните предлози и решенија, ни доаѓам и Фестивалот „Војдан Чернодрински“, ќе направиме конкретни решенија, имаме план како да ги отстраниме овие недостатоци. Прво да се отвори Центарот за култура, а потоа да се пристапи и кон недостатоцитѕе кои ги има и самиот театар. Да донесеме решенија и многу побрзо да се пристапи кон решавање на проблемот и до почетокот на театарските игри двата објекти ќе бидат ставени во функција на Фестивалот. А понатаму ќе одиме со дополнителни активности, каде со поинаква динамика ќе ги решаваме поголемите проблеми со кои се соочуваат културните установи во Прилеп“, изјави Зоран Љутков, министер за култура.

Околу изградбата на нов театар во Прилеп министерот Љутков истакна дека во моментов требало прво да се решат голем број проблеми кои биле наследени во културата од претходната Влада, а дури потоа да се размислува за изградба на нови објекти кои чинат десетици милиони евра.

„Се соочуваме и со голем дел од објектите кои се во уназадена фаза, некаде имате и проекти кои се стопирани, треба одново да распишуваме јавни огласи, мораме да правиме преиспитување и на сумите и на целите објекти и тоа не враќа години и години наназад. Така што некаде околу 60 до 70 милиони евра сме отворени во делот на капиталните инвестиции кои треба да ги завршиме до крајот на мандатот. Затоа и во програмата ставивме овие проекти кои што се уште не се започнати ги ставивме во програма 2024-2034. Проекти кои се веќе готови, изработена проектна документација, како што е Центарот за култура Прилеп и театарот, но се додека не се завршат поголем дел од сегашните капитални проекти кон нови нема да може да пристапиме, бидејќи и реално тој е и буџетот со кој располагаме“, додаде Љутков.

Прилеп заслужува култура и заслужува нов театар, исто како и реконструкција на постојните објекти од културата. Како ќе се одвиваат овир процеси ќе покаже времето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми