ВИДЕО- 11 Октомври е континуитет на вековната борба на македонскиот народ за создавање своја држава

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Прилеп денеска одбележува 84 години подигнувањето на Народното востание против фашистичкиот окупатор. Освен овој датум Прилеп денеска одбележува и 50 години откако е прогласен за Град херој и го добива Орденот за народен херој 1975 години од страна на Јоспи Броз Тито. Oгромна е жртвата и храброста која ја дава Прилеп за време на НОБ и придонесува за создавање на македоnската држава. Со положување на свежо цвеќе на високи државни делегации на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман јосифоски Питу и Могилата на Непобедените денеска во Прилеп се оддаде почит за паднатите борци.

„Овој ден треба да не потсети и не смее да заборавиме зошто беше подигнато востанието, против кого беше подигнато и против чија идеологија беше подигнато. Јасно е дека Македонија беше под окупација, а не администрација, јасно е дека имаше силна народно ослободителна борба, а не идеолошка борба помеѓу левица и десница, помеѓу комунисти или ројалисти, туку јасна национална борба на македонскиот народ за народно ослободување, не случајно партизанските одреди ги носеа имињата на Илинденците, и на врвните дејци на ВМРО. 11 Октомври е континуитет на 2 август, без 2 август немаше да го има 11 Октомври, без 11 Октомври немаше да го има 2 август 1944, а без 2 август 1944 немаше да го има 8 септември 1991 година“, истакна Александар Николоски, вицепремиер на Владата.

 

„Ова не е само Град Херој и покрај тоа што одбележуваме 50 години од доделувањето на Орденот за град народен херој, туку сме и град од каде потекнува иницијативата за осамостојување, непокор и се она што нашиот народ и го даде на Македонија“, кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Од Сојузот на борци на Прилеп порачаа дека секоја генерација си има своја битка, а нашата битка била да станеме членка на ЕУ.

„Државноста на Македонија е стекната со 25.000 жртви, таа генерација си имала своја борба, или како што вели Кузман среќни бевме  ние што ја водевме Револуцијата. Новите генерации си имаат своја револуција, своја борба, да го продолжат тод од, во едно нови услови и да ја видиме Европска Македонија“, истакна Рубин Белчески, претседател на Сојузот на борци на Македонија и почитувачи на делото на борците од НОБ.

Во Прилеп имаше и гости почитувачи на ликот и делото на партизаните и НОБ од Србија како и Македонци од Егејскиот дел на Македонија.

„Традиционално веќе 5 година по ред организирана група од нашето село и од останатите места доаѓа како единствена делегација од сите бивши ЈУ републики, за да се одбележи Денот на востанието на Македонија и ја користам оваа прилика да ви пренесам поздрави од сите членови на СУБНОР“, рече Дејан Уметиќ. Претседател на Собранието СУБНОР.

 

„Оваа Македонија заслужуваше да се ослободиме затоа што првата пушка пукна во Прилеп против бугарскиот фашистички окупатор, ние не сме ни Бугари, ни Срби, ни Грци, ние сме Македонци. И Република Македонија секогаш ќе си остане Македонија, а не Северна“, изјави Ташко Јованов, претседател на Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

По повод празникот во Прилеп се одржа и Car tununing show како и Саем на земјоделски производи по повод 15 октомври Денот на руралната жена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми