Аутдор фестивалот „When in Krusevo“ годинава одбележува мал јубилеј, 5 години од своето постоење. Фестивалот започна вчера, а ќе трае до утре.
Како и изминатите години и оваа година има планинарски и велосипедски тури, кампинг, кајак на крушевското езеро, јавање со коњи низ крушевската корија…
Освен овој спортско-рекреативен дел секако тука неизоставна е и богата музичка програма на фестивалот. Вчера публиката ја забавуваат „The Hounds“ и DJ Babura Junior. А додека вечерва на платото на Гумење ќе настапат Камерниот оркестар од Битола – Rock Symphony и DJ Галовски.
Погледнете дел од денешната атмосфера.