ВИДЕО – 5 дена гори депонијата кај Алинци, чад се шири низ цела Пелагонија – според „Комуналец“ пожарот е подметнат

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Веќе 5 – ти ден по ред гори депонијата кај прилепското село Алинци, а огромни облаци од чад се шират низ цела Пелагонија, особено во Прилеп. Неподносливата миризба од отпадот се чувствува низ целиот крај. Од ЈКП „Комуналец“ истакнаа дека 5 дена се обидуваат да го изгаснат огнот, но густата магла која до влера ја имаше во Прилеп го попречувала процесот. Според Комуналец пожарот е намерно подметнат. Во моментов гори отпад стар повеќе години, и тоа место од депонијата каде повеќе не се одлага отпад.

„Во моментов гори отпад, стар, од пред повеќе години. Секаков вид на отпад, тоа е оној отпад кој што кога се градеше ТИРЗ Прилеп се покри со земја од тој дел. Има стражарска служба, но површината е огромна, колку и да се обезбедува не може секогаш да се забележи извршителот. Голема штгета за граѓаните и дополнитечно загадување на и онака загадениот взодух тука“, истакна Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

Депонијата гореше со денови и пред околу година и половина, но и тогаш не се откри сторителот, ниту пак зошто се предизвикуваат овие пожари на депонии.

„Не е дознаен се уште сторителот, како и многу пати досега, се надевам дека сега ќе биде окриен сторителот. Но, како и на сите депонии во Македонија, ништо не е случајно“, додаде Абрашоски.

Од СДСМ Прилеп обвинија дека Прилеп е единствен град каде нема мерна станица и не може да се измери загадувањето.

„Со денови наназад, аерозагадувањето во градот е видливо со голо око. Екстремно загадениот воздух штипи и на очи, и на нос, и на грло“ истакна Ивона Кузмановиќ, членка на Советот на Општина Прилеп.

Засега останува непознато колку време ќе биде потребно да се изгасни депонијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци