66 годишниот прилепчанец М.К. попладнево почина под неразјаснети околности откако изгорел во пожар кој се случил во гаражата на неговата куќа на улицата „Никола Карев“. Соседите велат дека слушнале викање и виделе чад. Истрчале веднаш да му помогнат но тој веќе бил мртов. Не знаат како точно дошло до смртта на нивниот сосед.
„Тој веќе гореше, комшииве и тие дојдоа со лопати, и јас зедов лопата, го нафрливме со земја, ама веќе беше мртов. Тој гореше целиот во бензин, веже беше легнат, устата подзината, ужасна слика. Не можам да кажам дали сам се запалил или што се случило“, рече Добре Новески, еден од соседите кои го гаснеле М.К.
„Комшииве свикаа гори Миле, се вратив дома му реков на сопругот одма оди гори комшијата и земи лопата. Но тој веќе бил јагленисан“, кажа Виолета Новеска, сосед.
На лице место веднаш пристигнаа екипите на полицијата и противпожарната бригада и јавното обвиниителство.
„Интервенирано е со 2 возила, причините дополнително ќе се откриваат од страна на полицијата и јавното обвинителство“, велии Методија Николоски, заменик командир на ТППЕ Прилеп.
Истргата допрва треба да ја утврди причината за смртта на М.К. и како точно таа настанала.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)