Во Крушево по 8 пат се одржа најголемиот и најдобар аутдор фестивал во Македонија „When in Krusevo“. Посетителите кои ги имаше буквално од цела Македонија во изминативе 3 дена имаа можност да уживаат во големиот број содржини на Фестивалот. Планинарење, велосипедизам, кајак, sup, јавање на коњи, параглајдинг, забава на отворено, искачување по вештачка карпа, зип-лајн, адреналински парк, пукање со ласерски пушки во дисциплината биатлон и уште многу, многу други активности беа дел од годинешното издание на овој веќе познат не само крушевски туку и македонски бренд.
Во вечерните часови во центарот на градот имаше одлични забави се до раните утрински часови, а денеска посетителите имаа можност да ги дегустираат и вкусните и уникатни крушевски традиционални специјалитети. Фестивалот годинава беше посветен на инклузивноста и подигнувањето на свеста за социјално ранливите лица.
Погледнете како изгледаше атмосферата во Крушево на 8-мото издание на „When in Krusevo“.