Викендов во Ликовната Галерија во Цепенков беше отворена изложбата “Рефлексивна привлечност ” од скулпторот Слободан Милошески

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Викендов во Ликовна Галерија на НУЦК”Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата “Рефлексивна привлечност ” од скулпторот Слободан Милошески, кој се претставува со дела кои се иновативна уметност, заради материјалот што е употребен и со концептот на идеи што ги носат.

„Скулптурите претставени на изложбата прртставуваат различни метални симболи-стилизирани растенија, геометриски форми…обезбедувајќи им на гледачите приказ на изработка, со комбинирање слоеви од метал, едноставност и безбедност на хроматската текстура, во склад со уметничката душа….Видлив е капацитетот на авторот да ги примени своите специфични вештини во создавањето хармонично координирани површини направени од метални елементи и конструкции“, забележува проф.д-р Џемаил Бектовиќ, за творештвото на уметникот.

Слободан Милошески досега реализирал бројни изложби во земјава и во странство.

Изложбата е дел од годишната програма на Центарот,поддржана од Министерството за култута и туризам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми