Даночната реформа со која се воведе прогресивното оданочување се стопира во наредните 36 месеци, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Според Ангеловска не бил постигнат посакуваниот ефект и се чека нова адаптација за соодветна имплементација.
„Лично јас сметав дека не се создадени условите, бидејќи треба да внимаваме на тајмингот. Најпрво треба да бидеме уверени дека тоа е лесно за администрирање и сите да плаќаат данок“, вели Ангеловска.
Министерката за финансии изјави дека анализата покажала дека прогресивниот данок на личен доход ја намалило ненеднаквоста за само еден отсто, а за 50 проценти изгубени се приходи кои можеле да се соберат поради избегнување така што обврзниците се префрлале во друг систем или ги префрлиле приходите од автоски дела и закупнини на други лица.
Ова враќање на стариот модел на оданочување значи дека платите над 90.000 денари нема да се даночат со 18%, туку по 10%, а приходите од закуп од 15% паѓаат на 10 %. Се одложува и даночењето на катипалните добивки и на каматите на штедните влагови.