Власта и опозицијата се договорија: Изгласан петтиот пакет економски мерки

Пратениците од власта и опозицијата конечно ги надминаа несогласувањата и попладнево по скратена постапка ги изгласаа законите од петтиот пакет за економска помош за граѓаните и претпријатијата за полесно справување со Ковид-кризата.

Од вкупно 29 точки на дневниот ред на 36. седница која ја закажа спикерот Џафери, останаа само четирите за кои ВМРО-ДПМНЕ понуди кворум, а за редуцираниот ред гласаа 87 пратеници, односно речиси сите присутни во салата.

Експресно беа изгласани Законот за финансика помош за исплата на помош на физичката лица кои вршат самостојна дејност за месеците февруари и март, Законот за финансиска поддршка за работодавачите за исплата на плати за месеците февруари и март и Законот за данок за личен доход.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци