Водата од јавните чешми во Ореовец и Лениште не одговара за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и с.Лениште – јавна чешма сред село – водоводна мрежа не одговара за употреба.

Додека водата од мерно место локален водоснабдителен систем Канатларци – бензиска – водоводна мрежа, л.в.с. Ерековци – двор – водоводна мрежа,  л.в.с. Тројкрсти – двор – водоводна мрежа  и Лагово – Петрески Тоде – водоводна мрежа одговара за употреба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира