Воздухопловниот клуб „Фил Феникс“ од Прилеп доби „Диплома на честа“ за промовирање на воздухопловството од Светска воздухопловна федерација

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Светската воздухопловна федерација го награди воздухопловниот клуб „Фил Феникс“ од Прилеп со „Диплома на честа“ за промовирање на воздухопловството како спорт во Република Македонија, организација на национални и меѓународни натпревари во Слободен лет, трки со дронови, но и за унапредување на воздухопловното моделарство на светско ниво.

Здравко Тодороски, претседател на воздухопловниот клуб „Фил Феникс“ од Прилеп истакна дека е задоволен од постигнатите резултати и успеси во изминатите 25 години колку што постои спортскиот клуб.

„Јас сум задоволен што нашиот ентузијазам наназад 25 години и желба да излеземе на меѓународна сцена е успешен, поради тоа што минатата година реализиравме 25 години од организација на Светскиот куп „Трофеј на Прилеп“, што е за нас големо достигнување, но и во светот воопшто, затоа што еден таков континуитет на организација на меѓународни натпревари е редок. Во светот вкупно куп натпревари има меѓу 40 и 50, голем дел се во Европа и нашето место е заслужено поради присуството на илјадници спортисти од странство во овие изминати 25 години, успешната организација од страна на нашите активисти и пред се големото внимание наше кон странските спортисти предизвика да сме почитувани, но и тие секогаш да се чувствуваат добредојдени. 25-те години значат големо искуство за нашите спортисти пред се, она што претходно значеше едноставност во летање особено со воздухопловните модели, постигнување на слаби резултати споредено со меѓународните стандарди, овие 25 години доведоа и нашите спортисти да бидат рамо до рамо до светските стандарди и задоволен сум што веќе минатата година тоа го докажавме, го имаме и првиот во светот, јуниорот Лука Најдоски е победник во генерален пласман во светскиот куп на ниво на Федерација“, рече Тодороски.

На ниво на светски рамки во спортско моделарство, или поконкретно натпреварите во модели во слободен лет кои ги организира „Фил Феникс“ е најмасовна спортска дисциплина, ја има во цел свет, илјадници учесници и поради тоа е многу тешко да се дојде до врвот. Од тие причини успехот на нашиот спортист Лука Најдоски е престижен , одличен, баш поради конкуренцијата која е многу јака во овој спорт.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми