Возило на итната медицинска помош од Прилеп се преврти на Плетвар

Возило на итната медицинска помош од Прилеп, со три лица во него, попладнево околу 16 часот се преврти на превојот Плетвар во близина на каменоломот. Според првичните информации кои ги соопшти директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, притоа превртувајќи се два пати и завршило на кровот.

 

„Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што го зедовме од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош Прилеп. Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа е тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден. Најверојатна причина за несреќата е лизгавиот пат, бидејќи возилото не се движело брзо и се било во ред. По несреќата веднаш повикавме екипа на полициската станица од Прилеп која изврши увид на лице место“, истакна Аџиоска.

 

Увидот треба да покаже како точно дошло до несреќата. Поради големите оштетувања возилото со шлеп служба е однесено на сервис.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци