Вонредна владина седница за уставни измени

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата денеска во 16 часот ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред,  Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.

 

По седницата, предлогот ќе биде доставен до Собранието, каде што очекуваат измените да го добијат потребното мнозинство, согласно изразената волја на граѓаните на референдумот од 30 септември, велат од Владата.

 

Предлог измените на Уставот произлегуваат од договорот со Грција за решавање на 27-годишниот спор за името.

 

Во текот на оваа недела треба да бидат познати следните чекори во врска со целокупниот процес на имплементација на Договорот од Преспа и натамошните перспективи за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО.

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои на ставот дека нема да поддржи уставни измени, а власта нагласува дека ќе стори се што е во нејзина моќ да го обезбеди двотретинското мнозинство, во спротивно ќе се оди на предвремени избори.

 

За усвојување на аманмадните за промена на Уставот портребно е двотретинско мнозинство, или 80 од вкупно 120 пратеници.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци