Египќаните беа организатори на историска златна парада на нивните древни владетели низ Каиро. 22 мумии на најголемите егпетски владетели беа преселени на нова локација. Овие мумии беа откриени меѓу 1881 и 1898 година во урнатините на Теба, древниот главен град на Египет, што е денешен Луксор.
Колку прекрасно искуство му даде Египет на светот и порачува:
тука ја победуваме смртта, ние сме вечност!
Во раскошниот спектакл, мумиите 18 кралеви и 4 кралици беа префрлени од неокласичниот Египетски музеј во нивното ново почивалиште пет километри подалеку. Со статус на национално богатство, овие мумии отсега ќе бидат изложени во новиот Музеј на египетската цивилизација.
Тие беа транспортирани по хронолошки редослед на нивното владеење, од Секененре Таа Втори до Рамзес Деветти, кој владеел во 12. век пред нашата ера.
Една од главните атракции на настанот беше мумијата на Рамзес Втори, најпознатиот фараон од Новото Кралство, кој владеел 67 години и го потпишал првиот познат мировен договор.
Настанот е во режија на меѓународно познатиот египетски режисер Амр Азиз (Amr Aziz);
Египетскиот музичар кој ја компонираше импресивната музика за настанот е египетскиот музичар Хешам Назих (Hesham Nazih);
Креативниот директор на фотографија кој не воодушеви сите со сликата и квалитетот што го видовме е египетскиот уметник Ахмед Ал Морси (Ahmed Al Morsy);
Главниот диригент на современиот египетски оркестар е египетскиот маестро / Надер Абаси (Nader Abbassi).