Изложбата „Војна на ѕвездите и Македониумот“ на македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула ќе биде отворена вечерва, со почеток во 20 часот.
„Адмирал Акбар овој пат не е во право, ова не е стапица и империјата навистина го возвраќа ударот, бидејќи силата е во слогата на локалната заедница. Центарот за современа ликовна уметност и заедницата покануваат на вечер на владеење на славниот витез Зоран Кардула и неговите елегантни цивилизирани креативни решенија, зачнати во култната и за многумина, омилена повеќедецениска сага Војна на ѕвездите“, велат од ЦСЛУ-Прилеп.
За силата да остане со нас, освен ЦСЛУ-Прилеп и витезот Кардула, ќе се потрудат и Orengs со холограмите, Александар Џинго, Звонко Димоски, дуото ВолЧело, Трет Сектор и бродовите на Бавчика.
Поканети се сите со вашите омилени ѕвездено-воени реквизити и модни додатоци, да ги споделите вашите омилени ликови и фрази.
Вечерта на интерактивна трансформација, музичка инспирација, интергалактичка дискусија и гастрономска мини-модификација ќе се одржи во просториите на Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп.