Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 11.007 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 6.362 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти „Југпрес“, до 6 јули годинава на Спортски центар во Врање, кој е главен вакцинален пункт во овој град, вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во Врање изнесува 71.693.
Од нив бројо, бројот на вакцинирани граѓани на Република Македонија со првата доза е 11.007, a бројот на вакцинирани граѓани кои се вакцинирале со втората доза изнесува 6.362.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ја добиле вакцината на „Фајзер“, „Спутник В“ и „АстраЗенека“.