Во Крушево се заменува дотраената водоводна мрежа

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Во Крушево се започнати градежни активности за промена на водоводната мрежа на повеќе локации низ градот, капитален проект кој треба да му помогне на градот со огромните загуби на вода кои ги има, како и со честите недостатоци на питка вода за пиење во летниот период.

Од Општина Крушево велат дека ги разбираат реакциите на луѓе во однос на ископаните улици, но сепак тоа е за доброто на целиот град и крушевчани.

„Оправдани се вашите реакции, но подобро раскопани улици еден месец отколку 50 години труење на сите нас, нашите сограѓани и гости преку затекнатите поставени азбесни и метални, скапани, дотраени цевки кои денес се заменуваат со нови ПВЦ, преку кои се снабдува месното население и гостите кои го посетуваат и престојуваат во нашето Крушево.

Подобро да има реакции сега, отколку во лето кога има огромни загуби на вода и недостаток на питка вода за пиење!

Ве замолувам за трпение, се работи насекаде и сакаме што побрзо да се заврши и реализира реконструкцијата на постојната водоводна мрежа по краци, тоа бара време за ископ, тестирање, нови приклучоци, исклучување на сите диви, поправање на дефекти и сл.

Должност му е на инвеститорот после завршените работни активности да врати се во првобитна состојба.

Упатувам благодарност до ТАВ Македонија што ни излезе во пресрет во имплементација нашиот издржан и многу значаен капитален проект за реконструкција на водоводната мрежа во Крушево.

За нас граѓаните се на прво место! Крушево се гради и променува секој ден!“, истакна градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира