Во Крушево се одржа манифестацијата „Дева – во чест на новото раѓање“

На плоштадот Никола Мартиноски во Крушево по петти пат се одржа манифестацијата „Дева – во чест на новото раѓање“ во организација на СОУ „Наум Наумовски Борче“.

 

Дел од програмата беа хорот на крушевската гимназија, кои испеаа песни во духот на овој празник и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, кој на присутните граѓани им ги честита Новогодишните и Божиќните празници и ги поздрави учениците за организацијата на овој настан.

 

„Ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници и им честитам на учениците и професорите од „Наум Наумовски Борче“ за одржувањето на оваа манифестација и покажување самоиницијативност за активно вклучување во процесите кои ги водиме. Локалната самоуправа активно ја поддржува самоиницијативноста на младите која во голема мера ја покажуваат. За многу години“, порача Градоначалникот Христоски.

 

Гимназијата додели признанија на сите оние кои ја поддржаа манифестацијата „Дева – во чест на новото раѓање“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци