Во мај во Битола, Прилеп, Д. Хисар и М. Брод уапсени 39 лица, дилери на дрога и оружје

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


СВР Битола само последниот месец мај во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица , истите дилери на дрога и оружје и заплени поголемо количество на дрога и психотропни супстанции (марихуана, семки од канабис, шишиња и шприцеви со течност, габична материја, грутчеста материја, прашкаста материја, паковки со кристална материја , дигитални ваги, предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја како  и пронајде различна количина огнено оружје (пушки, пиштоли, и муниција различен калибар).

Притоа , извршени беа 9 претреси во куќи и станови и тоа по чл.215 „Недозволена трговија со дрога и психотропни супстанции” извршени беа 3 претреси и по  чл. 396 „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” извршени беа 6 претреси како и 7 преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена. При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед затекнати со дрога беа тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар

Полициски службеници од СВР Битола продолжуваат со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализација на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачјето на СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми