Во недела да го одбележиме големиот христијански празник Водици на Плетварско езеро и да бидеме хумани


Во недела по 5-ти традиционален пат на Плетварското езеро ќе се одржи капење во осветените води на ова езерце за празникот Богојавление или Водици. Се очекува над 100 верници да влезат во осветените води на езерото, а пријавени за учество на овој настан, освен од Прилеп има и граѓани од Битола и Скопје.

Како и минатата година така и оваа настанот има и свои кумови кои учествуваат во организацијата. Домаќини оваа година се: Валентин Трајкоски, Тони Дамкоски, Александар Најдоски, Бојан Минчески, Даниел Димоски. На нивна иницијатива над самото езерото се постави 4 метарски крст, а обезбеден е и материјал за понатамошна изградба на параклис. Обезбедено е место и каде ќе може да се запалат свеќи.

 

Организаторите и кумовитре на настанот за сите верници кои ќе влезат во езерото обезбедија маици, дрвени крвчина и шишиња за земање на Света вода. Додека пак за сите посетители има обезбедено топол пијалок: чај, вино, ракија, како и овошје.

 

 

Овој настан е од хуманитарен карактер за кој дел е задолжен еден од годинешните кумови, Александар Најдоски. Покрај езерото ќе бидат поставени 3 кутии за донации, а собраните средства ќе се донираат за операција на болно дете.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи