Во ООУ,,Кире Гаврилоски-Јане”-Прилеп се одржа традиционалниот есенски панаѓур

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во духот на одбележувањето на Светскиот ден на храната – 16 октомври, во ООУ,,Кире Гаврилоски-Јане”-Прилеп се одржа традиционалниот есенски панаѓур, кој и оваа година ја истакна креативноста, вредноста и заедништвото на учениците и наставниците. На настанот учествуваа сите одделенија, подготвувајќи богата понуда на домашни производи: свежо цедени сокови, пити, овошје, зимници, џемови и слатка.

Секој штанд гордо ја претстави својата есенска инспирација и културно богатство. Социјалниот дух, креативноста и енергијата на учениците го направија панаѓурот вистински празник на вкусовите, традицијата и заедничкото создавање.

Со овој панаѓур учениците покажаа дека храната не е само потреба, туку и култура, љубов и начин на поврзување меѓу луѓето. Благодарност до сите ученици, наставници, родители кои придонесоа овој ден да биде вистински празник на есента, трудот и заедништвото.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми