Драги верници, браќа и сестри во Христа, и ова 2025-то лето Господово, на 8 август (петок), ќе ја празнуваме славата на нашиот свет храм. По тој повод, Ве покануваме заеднички да го почувствуваме духот на вековната православна традиција и со молитвена радост да го прославиме празникот посветен на нашата заштитничка и молитвена застапничка пред Христа – светата преподобна маченичка Параскева (Петка) Римјанка, чиј живот претставува силна поука и пример за живеење според Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне во четврток, 7 август 2025, со празнична вечерна богослужба, која ќе започне во 17:30 часот.
Чествувањето ќе продолжи во петок, 8 август 2025, со Архиерејска Божествена Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Петар.
По завршувањето на Литургијата ќе се отслужи панихида во молитвен спомен за бранителите што ги положија своите животи кај Карпалак. Доколку дозволат временските услови, предвидено е Архиерејската Литургија да се богослужи под отворено небо на платото пред храмот.
Со љубов во Христа, в.д. старешина, протоереј Љупче Петрески со свештенството и настојателството при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила.