На 30.04.2020 во 16.30 часот било пријавено дека во с.Врбоец настанал пожар во два помошни објекта – плевни, сопственост на Л.Н.(67) и на К.Н.(52), двајцата од с.Врбоец.
„Покривните конструкции од двата објекта биле целосно опожарени заедно со се што било складирано во плевните. Во 18.00 часот од Територијалната противпожарна единица Кривогаштани пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп“, се вели во соопштението од МВР.