Во празната Венеција водата никогаш почиста – каналите полни со риби, се вратија и лебедите

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Благодарение на отсуството на туристи и намалениот сообраќај, како резултат на карантинските мерки на Италија за справување со коронавирусот, водата во каналите во Венеција е чиста како ретко досега.

 

 

Мештаните споделуваат видеа и фотографии од каналите, без илјадници туристички бродови кои секојдневно пловат по каналите и велат дека не помнат кога водата била така чиста.

 

 

 

Низ бистрата вода може да се види дното на самите канали, како и големиот број јата на риби кои пливаат во нив. А не се ретки и фотографиите на кои се гледаат и лебеди како пливаат низ каналите.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира