Во Прилеп одбележана 80 годишнината од смртта на Народниот херој Рампо Левката


ООУ Рампо Левката од Прилеп ја одбележа 80- годишнината од смртта на нивниот патрон, Народниот херој- Рампо Левката, со положување цвеќе на бистата на херојот во Паркот на Револуцијата, пред Општинскиот суд и во месноста Дабница. Во самото училиште пак се одржа пригодна програма преку која вработените и учениците му оддадоа почит на Народниот херој- Рампо Левката.

На настанот присуствуваше делегација од Локалната самоуправа и Градоначалникот на Општина Прилеп, г.Борче Јовчески.

Во рамките на одбележувањето беше одигран и спортски натпревар во мал фудбал во ООУ „Добре Јованоски“ и одржана ликовна работилница.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира