Со божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско – Пелагониски, Владиката Петар, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – Осоговски г.Јосиф и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско – Гостиварски г.Јосиф денеска во Прилеп беше одбележан празникот „Три Светители“, кој пак е патрон празник на бакалскиот еснаф во градот.
Според кажувањата на иницијаторите на оваа слава, бакалскиот еснаф од Прилеп го прославува својот патрон и заштитник – празникот Свети три Светители, свети Васлилиј Велики, свети Јован Златоуст и свети Григориј Богослов уште во далечната 1953 година.