Во Прилеп се одржува Балканско првенство за ветерани во џудо ПРИЛЕП 2023“


Џудо Федерацијата на Република Македонија оваа година организира Балканско првенство за ветерани/ки кој ќе се одржи од 27 до 29 октомври 2023 година во Прилеп. На овој настан учество ќе земат ветераните од балканските земји.

Земјите учеснички ќе пристигнуваат денес во Прилеп во периодот од 09:00 до 18:00 часот. Акредитацијата ќе се одржи во Хотел Кристал Палас од 12:00 до 18:00 часот.

Неофицијалното и Официјалното мерење ќе се одржи во Хотел Кристал Палас. Неофицијално мерење ветерани/ки 16:00-18:00 часот. Официјално мерење ветерани/ки 18:00-19:00 часот

Ждребот ќе се одржи во Хотел Кристал Палас во 19:00 часот. Првенството ќе се одржи во спортската сала при СОУ„Ристе Ристески – Ричко – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи