Во сабота, по 7-ми пат во Прилеп, „МЛЕКО 2025“ – Гласот на сточарите

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На 13 септември, во срцето на Прилеп- на платото кај Градскиот сат, ќе се одржи седмото издание на „Млеко“ – единствениот фестивал во Македонија посветен на занаетчиски млечни производи со локален карактер и висок квалитет.

Во фокусот се: бели и биени сирења, урда, кашкавали – направени од мали производители, со знаење што се пренесува низ генерации. До нив: селекција на внимателно одбрани придружни вкусови – леб, мед, зачини, сезонско овошје, вино и разни занаетчиски производи што природно се надополнуваат.

„Млеко“ е веќе препознатлива сцена за сите што го ценат автентичното, организиран  од Слоу Фуд Прилеп, со поддршка од Слоу Фуд Македонија, и секоја година носи нов квалитет и нови содржини.

Годинава, фестивалот добива нова енергија со нова генерација активисти – млади луѓе кои ја гледаат храната како простор за промена: начин да се зачуваат вредностите, да се поддржат вистинските производители и да се пренесе идејата за квалитет кон иднината.

На “Млеко 2025” ќе можете да пробате мали серии автентични млечни производи – бели и биени сирења, урда, зрели кашкавали – директно од производителите, да разговарате со нив за процесите, потеклото и вредностите што стојат зад секој залак.

Ќе се одржи конференција: Гласот на сточарите,  со панел дискусии: Предизвици во процесот на регистрација, и Човечки капацитети во сточарството.

За најмладите, ќе има едукативно катче со креативни активности, а во текот на денот ќе се одржат работилници и изложба на ученички проекти инспирирани од храната и земјата.

Во попладневните часови, новата генерација активисти ќе ја претстави својата верзија на „диско супа“ –  настан со порака, а сето тоа ќе биде придружено со жива музика и опуштена урбана атмосфера што го одразува духот на фестивалот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми