На 08.03.2026 во 13:10 часот во с.Крушеани, општина Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишија од слобода А.Ќ. (59) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициски службеници запреле патничко возило „лада“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.