Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се пробите за претставата „Ловец во р’ жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер. Претставата е дел од годишната програма за работа на тетаарот за 2025 година.
Режисер е Мартин Кочовски, кој вели дека претставата ќе преставува еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина.
„Индивидуата во рамките, спрегите и режимите на времето за кое имаме напишани докази и нивните остатоци на кои сме современици. Претставата ке прави врски на моменти конфликтни меѓу поетиката и неjзината наjблиска форма – анархиjата; врски меѓу импресионизмот во текстот и костимографиjата и експресионизмот во актерската игра и сценографиjата; и на семиотичко ниво врски меѓу интимното и општественото. Во време каде што безимените автори (кои не се многу, а меѓу нив најпопуларни се оние кои ги напишале “светите” книги), губат смисла, причина и функција, се издигаат автори, кои се условно речено, наши современици. Во време кога невидливата или божествената сила не нуди одговор, утеха и се разбира спас, автори со име, презиме, дата и место на раѓање ни обезбедуваат простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното “наше”, човечко постоење и делување. Еден од нив, со забележителен успех не потсеќа дека човекот и никој друг, е во центарот на светот и нештата. Се разбира Salinger. Сега кога конечно е завршено со Пост-модерната уметност и “третата модерна”, а Нео-класицизмот се бори за здив, се издига Новата Ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се бавиме со The Catcher in the Rye.
На жалост секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Непрележаните и нетретираните современи болести: изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа, класната поделба. Тие “болести” сега станаа видливи, но тие постоеле со декади. Истовремено, светската тага, солидарноста, сочувството, равноправноста, интелектуалната тага ке има можност да не спаси пред политичкото општество. Во интерес на проклетството или досадата на егзистенцијалната повторливост, претставата ќе минува низ времето, тоа значи дека визуелно ке се менуваат епохите, музичката слика ќе се развива или деградира, и радоста од актерската игра ќе менува фокус, т.е. претставата ке има 5 жанрови. Ќе осцилира од вистинска психолошка драма до современ музички еп“, вели режисерот Мартин Кочовски.
Драматизацијата е на Лидија М. Ѓорѓиовска, за сценографијата е задолжен Филип Јованоски, за костимите Јулијана Војкова, а за музиката Пеце Трајковски – Брада.
Играат Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трчески, Даниела Иваноска, Наташа Ачанска, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска Илиеска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски и гостите Здравко Стојмиров и Теона Крстеска.
Премиерата е планирана за декември.