Во тек се подготовките за празникот „Свети Никола“- духовниот патрон на Прилеп

Во тек се подготовките за прославата на големиот христијански празник „Свети Никола“. По повод чествувањето, домаќинот на годинешната градска слава, хотелот „Салида“ со голема посветеност работи на подготовки на сите активности што се одбележуваат на 19-ти декември во Прилеп.

 

Според домаќините на славата, чествувањата започнуваат со утринска богослужба во црквата „Свето Благовештение“. Потоа литијата од црквата ќе се упати до параклисот што го носи името на светецот во центарот на градот.

 

За вкусните светиниколски сарми се ангажирани дел домаќинки коишто традиционално ја подготвуваат трпезата во центарот на градот. Војници од касарната „Мирче Ацев“ ќе го подготват светиниколскиот грав.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци