Во третиот петок од Великиот Воскресенски пост со почеток од 16 часот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Големо повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Потоа ќе се одржи и предавање од овогодишниот циклус на предавања на тема: „За целта на нашето суштествување, обожението на црквата ( човекот)” на кое ќе предава протоереј Веле Спиркоски, во просториите на административната зграда.
Воедно упатуваме и ПОКАНА до верниот народ на Прилеп со помасовно присуство на предавањето.
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!