
Вработените во Центарот за социјална работа од Прилеп и денеска одржаа мирен протест пред установата во знак на поддршка на нивната колешка кон која пред 2 дена беше пукано со пиштол додека таа се наоѓала на работното место. Исто така вработените бараат итни системски промени со кои нападот врз вработен во Центар за социјална раобта ќе се третира како напад врз службено лице, построги санкции за насилниците, физичко обезбедување на Центрите, психосоцијална поддршка за вработените кои биле изложени на насилство, како и унапредување на условите за работа. Утре во Прилеп ќе одржат и средба со Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ).