Временските и почвените услови се оптимални за интензивно изведување на есенската сеидба

Facebook
Twitter
Email
Print


Сувото време по обилните врнежи е повеќе од добредојдено во овој период од годината за земјоделските култури, кога есенската сеидба е на почеток, но поволно се одразува и врз прибирањето на родот што остана на нивите пред врнежите, посебно на жетвата на оризот.

„Во овој период земјоделските производители ќе имаат оптимални услови за дособирање на родот. Во моментов влага во почвата има доволно, па временските и почвените услови се оптимални за интензивно изведување на есенската сеидба, а едновремено и температурните услови се на ниво кое ќе овозможи брзо поникнување и почетен развој“, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, следува повторно период без врнежи, но со пад на дневните температури кои најчесто ќе се движат меѓу 13 и 17 степени.

„Повремената облачност ќе се одржува скоро цела седмица, особено во утринските часови, па така утринските температури очекуваме да бидат во границите од 1 – 6 степени, а утрински мразеви не се очекуваат“, велат од УХМР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи