Вчера нова заплена на дрва кај Прилеп – од Шумската апелираат граѓаните да пријавуваат нелегална сеча

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Вчера, на 13.02.2026 година, околу 20:00 часот, на место викано „Пештерица“, службеници од Шумската полиција – Прилеп затекнаа и одзедоа едно запрежно возило – шпедитер, натоварено со околу 1,5 м³ зелени дабови огревни дрва.

Шпедитерот заедно со огревното дрво е одземен и предаден во ЦРН БОР – Прилеп, согласно законските прописи. Против затекнатите лица се поднесени соодветни пријави.

„Шумската полиција – Прилеп ќе продолжи со засилени контроли на терен, особено во вечерните часови и на критичните локации, со цел спречување на бесправна сеча и заштита на шумскиот фонд. Воедно, упатуваме апел до сите граѓани да пријавуваат секаков сомнителен или нелегален транспорт на огревно дрво, бесправна сеча или други незаконски активности поврзани со шумите. Вашата соработка е од клучно значење за зачувување на шумите и заштита на природните ресурси. Само со заеднички напори можеме да ставиме крај на незаконските дејствија и да обезбедиме одговорно управување со шумите“, апелираат од шумската полиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми