Генерален директор на АД ЕСМ: Ќе се обидеме да нема покачување на цената на струјата

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека како компанија ги прават пресметките и напорите да испорачаат повторно како и минатата година 100 отсто електрична енергија по цена која ќе ни ја регулира Владата.

Тој при донирањето машина за чистење подови, средства за хигиена и дезинфекција за вакциналниот пункт во Битола рече дека крајната одлука ја носи Регулаторната комисија за енергетика, но како компанија имаат обврска да испорачаат  70 отсто електрична енергија  кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

,,Одлуката ја носи Регулаторната комисија која е независно тело. Иако законската обврска за годинава е да испорачаме 70 проценти кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум,  како компанија ги правиме пресметките и напорите да испорачаме повторно како и минатата година 100 проценти електрична енергија по цена која ќе ни ја регулира Владата. Се надевам и очекувам цената во нашиот дел како ЕСМ да нема промени иако учествуваме со нешто околу 40 проценти во вкупната цена на струјата. Сметам дека и годинава ќе ја стабилизираме цената да нема зголемување или ако тоа евентуално се случи, за што одлучува Регулаторна, да биде нешто минимално во факторот на корекции”, изјави Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира