„Генералка викенд“ – еко акција за иднината на Крушево

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Утре, 06.05.2022г., во Крушево ќе се спроведе акција за собирање на отпад во рамки на „Генералка викенд“ спроведуван од организацијата „Мен енд маунтин“ (Man and Mountain) во соработка со Oпштина Крушево.

Локациите на кои ќе се чисти се следните:

  • Околината на ООУ „Никола Карев“ Крушево
  • Детско игралиште на Гумење
  • Спортски центар Езеро
  • Крушевско Езеро
  • „Кај клупата“

Акцијата ќе се одвива во два термини:

  • 10 часот – ООУ „Никола Карев“
  • 11 часот – „Гумење“ и „кај клупата“

„Втора година по ред спроведуваме акција за чистење во рамки на „Генералка викенд“ и ги повикуваме сите граѓани волонтерски да се вклучат во акцијата на една од зададените локации. Минатиот петок засадивме преку 100 дрвца, а еве овој петок еко акцијата што покажува дека сакаме да го подигнеме нивото на свесност затоа што Крушево е нашата иднина“, порача градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми