Сопственикот на болницата „Плодност“ до Битола, д-р Таше Трпчевски на својот Фејсбук профил објави дека покрај првично заразениот гинеколог-акушер, има уште три случаи на заразени со Ковид 19 во неговиот персонал. Станува збор за гинеколог од Прилеп кој работи во оваа болница, а покрај него заразени биле и анестезиолог и медицинска сестра.
Гинекологот бил асиптоматски носител, односно не покажувал никакви симптоми претходно, а се утврдило дека е позитивен по спроведениот тест. Според д-р Трпчевски, овие носители се најопасните, бидејќи не знаат дека воопшто го носат вирусот, поради што е потребно масовно тестирање, со цел да се намали бројот токму на асимптоматските носители на вирусот, кои слободно може да шетаат и да го шират вирусот.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)