Голема полициска акција во Прилеп – претреси на околу 30 локации, под истрага и вработени во МВР

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

–

Според информациите, на терен се распоредени припадници на специјалните единици и униформираната полиција, а акцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност. Истата е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура.

„Одделот за организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведува акција во повеќе градови во државата за сторени кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. По завршување на акцијата, Министерството за внатрешни работи ќе ја информира јавноста за преземените мерки и активности“, соопштија од МВР.

Под лупа, наводно, се и лица од полициските структури за кои постојат сомневања за можна поврзаност со лица или активности што се предмет на истрагата.

Засиленото полициско присуство беше забележливо на повеќе локации во Прилеп и во поширокото подрачје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци