Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука да изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати до денар и пол.
Со оваа одлука, малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар по литар, додека пак цената на дизелот се намалува за 1,50 денар.
Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнесува 66 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68 денари за литар, додека дизелот ќе се продава за 55 денари за литар.